Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово поднесе кривична пријава против дел од членови на управен одбор на јавна установа, бидејќи предложиле директорка, која на ги исполнува условите да ја врши функцијата.
Според соопштението од Општина Куманово, членовите на управниот одбор на јавна општинска установа во постапка за распишан јавен оглас за избор на директор, со искористување на својата службена положба ги пречекориле границите на своето службено овластување.
„Тие со неизвршување на својата службена должност, прибавиле за трето лице корист, така што со умисла истото го предложиле за директор со втор повторен предлог, иако од градоначалникот биле претходно известени и знаеле дека постапуваат спротивно на чл. 37 став 3 од Статутот на јавната установа, бидејќи предложениот кандидат не ги исполнувал условите по распишаниот јавен оглас за избор на директор“, стои во информацијата.
Се работи на избор на директор во градинката „Ангел Шајче“. Имено, на распишаниот оглас минатиот месец на конкурсот се пријавиле две кандидатки, а предлог на управниот одбор е функцијата да ја врши досегашната директорка. Тоа не го прифатил градоначалникот и го вратил, но и по втор пат му бил доставен истиот предлог.
На почетокот на април Министерството за труд и социјална политика и ги одзеде ингеренциите на Општина Куманово за поставување на директор во градинката „Ангел Шајче“, поради незапазени рокови, но по два дена го повлече решението.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk