Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одделението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(28) од Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
На 27.08.2023, на автопатот Скопје – Куманово, пријавениот со патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки превезувал пет лица мигранти од Сирија.