Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жител на село Режановце и тројца жители на селото Пелинце добија кривични пријави во рамки на акцијата “Гора“, поради пустошење на шуми.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.А.(53) од Режановце, поранешен вработен во Агенцијата за катастар на недвижности, поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службенаисправа, додека Ј.Ј.(63), С.Т.(65) и С.П.(63) сите од Пелинце, поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела употреба на исправа со невистинита содржина и пустошење шума.
Во 2012 и 2013 година, И.А. како референт за геодетски работи, оформил предмети за наводно исправка на техничка грешка по службена должност за 15 парцели со површина од 168.697 метри квадратни од катастарската општина Пелинце, кои биле во сопственост на Р.Македонија, како и една парцела од истата општина со површина од 7.703 метри квадратни со неутврдена права на сопственост. По ова, изготвил потврди за исправка на техничка грешка и по службена должност внел невистинити податоци за сопственост, ги заверил потврдите со свој потпис, ги спровел во електронскиот систем на Агенцијата и за паричен надомест од 1.200 евра ги префрлил во имотните листови каде крајни сопственици се второ, трето и четврто пријавените, како и на лицата Б.П., Д.П., М.П., Р.С., Б.С., В.С .,Д.С. С.С., С.Т., Б.Т., М..А. и Д.Ј. По ова, второ, трето и четвртопријавените таквите имотни листови во текот на 2013 и 2014 година ги искористиле како вистинити пред лиценцирани лица за вршење на стручни работи од областа на шумарството во приватни шуми, по што добиле одобрение за сеча на огревно дрво.
Од пет катастарски парцели исекле 203.8 метри кубни огревно дрво, со што го оштетиле Буџетот на Република Македонија за износ од 1.426.600 денари.