×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Крлежи напаѓаат добитокот и домашните миленици

    08.08.2015 10:36 | KumanovoNews

    Во лето крлежите ги напаѓаат добитокот и домашните миленици, потврдуваат ветеринарите.

    Крлежи напаѓаат добитокот и домашните миленици

    Крлежите се присутни во тревата, се закачуваат на телата од животните при што можат да предизвикаат сериозни болести, кои се пренесуваат и на луѓето.

    И кучињата, мачките, кравите, сите миленици ги напаѓаат. Ветерот ги носи крлежите, се зафаќаат за телата. Треба да се урбанизира, да се коси и чисти тревата. Има големи ризици, разни болести кои се излечиви, но многу скапи. Крлежот треба веднаш да се извади, но прво треба да се ставаат средства, ременчиња, капки за да крлежот не дојде до животното. За домашните животни има репеленти, и кога тие средства ќе се стават, крлежите бегаат од животното - вели Димитар Венев, ветеринар.

    Поплаки за појава на крлежи има во сите околни села каде се огледува добиток.