×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Светиот крст на Богојавление ќе се фрла во црквата „Св.Никола“

    12.01.2023 16:13 | KumanovoNews

    Традиционалното фрлање на светиот крст на празникот Богојавление ќе се изврши само во базенот на црквата „Свети Никола“ во Куманово.

    Светиот крст на Богојавление ќе се фрла во црквата „Св.Никола“

    Од Кумановско - Осоговската епархија потврдуваат дека годинава ќе нема организирано фрлање на крстот во црквите „Св. Троица“ и „Св. Петка“ во Бедиње и во  „Св. Мина“. Oбјаснувањето е дека во Бедиње крстот ќе се фрла во реката Липковка,  а во црквата „Св. Троица“, дворот се уште се гради и не се служат богослужби. Од оваа година за првпат ќе се фрла крст и во селото Тромеѓа.

    Празникот Богојавление се слави на 19 јануари во чест на крштението на Исус Христос во реката Јордан, а обичај е верници да влезат во осветените води и го извадат чесниот крст.

    „И оваа година на самиот празник како главен настан ќе се служи света божествена литургија, по која ќе се изврши голем богојавленски водосвет и потоа и ќе се остави крстот Господов во водата за да биде осветена. Сите што ќе влезат во осветената вода не треба да заборават дека учествуваат во голем свештен црквен празник и треба сите да внимаваме да не ја нарушиме светоста на празникот со меѓусебно туркање или непотребно припирање околу фаќањето на крстот, затоа што најважно всушност е допирот со осветата вода за сите нас, допирот од којашто ја примаме Божјата благодет“, изјави отец Антониј Петрушевски.

    По крстот можат да скокаат сите верници кои имаа желба и волја, не е потребно предходно пријавување, ниту потврда за здравствената состојба. Најсреќниот верник кој ќе го фати крстот ќе добие подароци од црквата и спонзорите, а се верува дека ќе го следи среќа во текот на целата година.

    Во последните години интересот за фрлање во водата по светиот крст е голем, па едно време настанот се организираше и во затворениот градски базен.

    (фото. архива 2022)

    Ивана Алексовска