Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
М.М.(18) од селото Табановце, бил претепан од непознато лице додека со својот автомобил се враќал од Куманово кон дома.
Инцидентот се случил вчера во 16 часот, во близина на соседното село Костурник, кога М.М и неговиот другар Б.Ј.(22) со автомобил форд, налетале на поголема група луѓе и паркиран фолксваген на патот. Тогаш некој од масата фрлил камен кон нив и ја скршиле шофершајбната на возилото. М.М. сакајќи да побегне удрил во бетонска ограда, а потоа во паркирана тракторска приколка. Напаѓачот успејал да го стигне, и го нападнал удирајќи го со тупаници по главата и телото. Повредениот е пренесен во Кумановската болница, а поради сериозноста на повредите е пренесен во Градска болница во Скопје каде му е констатирана тешка телесна повреда и е задржан на понатамошно лекување. Таткото на момчето го пријавил случајот во полиција, која работи на целосно расчистување и документирање на случајот.