Kрводарителска акција на Кокино
12.06.2015 08:38
| KumanovoNews
Здружението “Коледари“ и општина Старо Нагоричане во недела од 11 до 14 часот, кај опсерваторијата Кокино организираат крводарителска акција.

Оваа акција се прави по повод 14 јуни-Светскиот ден на крводарителството. Акцијата се организира втора година по ред и се очекува да бидат собрани 30 крвни единици.