Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, утре ќе се одржи крводарителска акција, која ја организира Секторот за внатрешни работи Куманово.
„Согласно годишен план на МВР за 2021 година, утре на 17.06.2021 година, со почеток од 9 часот, СВР Куманово ќе спроведе редовна крводарителска акција за вработените. Согласно мерките и препораките донесени од Владата на РСМ крводарителската акција ќе се оддржи во просториите на НУЦК Трајко Прокопиев“, соопштуваат од Кумановската полиција.