Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 20 полициски службеници до 12 часот даруваа крв на првата крводарителска акција што оваа година ја организира СВР Куманово.
Бројот е задоволителен, но поради моменталната ситуација со вирусот, но и голема ангажираност на вработените, на оваа крводарителска акција се очекува помал број на соберени крвни единици.
„Ова е прва акција за 2021 година, а до крајот ќе имаме уште две – една во јуни и една во октомври. Дарувањето крв започна во 09 часот, па во првите 3 часа можеме да кажеме дека бројот е намален во однос на минатата година. Очекуваме 30-тина крводарители да се појават денеска. Акцијата се спроведува од Институтот за трансфузиона медицина и Општинската организација на Црвен Крст Куманово,“ објасни Виолета Богдановска, од отсек за превенција.
Таа смета дека е потребен поголем интерес и учество на младите полициски службеници кои ќе бидат крводарители.
Крв даруваат вработени луѓе во организациски единици со седиште во Куманово, но и они што гравитираат во регионалниот центар за гранични работи-север на оваа подрачје.
(Д.Д.)