Крвoдарителска акција во “Наце Буѓони“
04.03.2014 09:18
| KumanovoNews
Крводарителска акција денеска се оддржува во средното училиште “Наце Буѓони“.

До 13 часот средношколците ќе можат да даруваат крв. Оваа крводарителска акција е традиционална и се очекува да бидат собрани 60 единици крв.
Организаторите Црвен Крст Куманово во соработка со училиштата два пати годишно во пролет и на есен прават крводарителски акции.