Крводарителска акција за роденденот на Тоше
27.01.2014 10:43
| KumanovoNews
Во Коледарски клуб утре ќе се оддржи крводарителска акција по повод роденденот на Тоше Проески.

Членови на здружението “Коледари“ и граѓани можат крв да даруваат од 11 до 14 часот. За сите кои ќе се вклучат во акцијата е обезбеден ручек. Оваа крводарителска акција е традиционална и се организира неколку години по ред во чест на загинатата естрадна ѕвезда.