×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КУД „Панче Пешев“ учествуваше на Фестивалот „Пеце Атанасовски“ во Долнени

    03.07.2023 12:02 | Оливера Пешевска

     КУД „Панче Пешев“ од Куманово викендов учествуваше на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Општина Долнени.

    КУД „Панче Пешев“ учествуваше на Фестивалот „Пеце Атанасовски“ во Долнени

    Фестивалот се одржа по 49-ти пат, a настапиja над 300 учесници од земјава, Србија и Бугарија.

    „Настапивме со три точки од кумановскиот крај. Нашиот фолклор го претставија оркестарот на изворни народни инструменти, пејачката група и оркестарот со зурли и тапани“, кажа Мирослав Крстевски, претседател на КУД „Панче Пешев“.

     КУД „Панче Пешев“ е најстарото друштво во градот во кое членуваат талентирани и млади луѓе кои имаат желба, љубов и волја да ја зачуваат и негуваат изворната македонска песна и и игра.

    Тие продолжува со подготовките за нови настапи и имаат исполнет летен календар.Во подготовка е и Меѓународниот фолклорен фестивал во Куманово.