Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
КУД „Панче Пешев“ од Куманово минатата недела учествуваше на Меѓународен фестивал на култура и уметност во Истанбул, Турција. Фестивалот се одржа по 24-пат, а учествуваа друштва од 33 земји од целиот свет.
„КУД „Панче Пешев“ беше единствен претставник до нашата држава. Имавме 5 настапи во текот на единаесетте фестивалски денови. Тоа беше неповторлива можност за 30-тина млади фолклористи да настапат на таква голема сцена и пред толку бројна и разновидна публика, од сите делови на светот. Децата навистина уживаа и се вратија преполни со импресии“, изјави Мирослав Крстевски, претседател на КУД „Панче Пешев“.
На официјалните лица од организацијата, како и градоначалникот на општината- домаќин Бујук Чекмеџе и градот Истанбул, гостите им подариле сувенир - традиционалниот македонски тапан, како и монографии за Куманово.