Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановци можат да дадат подршка на "Манифестот на Македониумот", иницијативата за собирање потписи која ја покрена група македонски спортисти и уметници, а како реакција поради изоставувањето на придавката „македонски“ во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.
Денеска до пладне беа собрани околу 300 потписи, а граѓаните можат да се потпишат во холот на Центарот за култура. Покрај граѓаните, за подршка Манифестот се потпишаа и советниците и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.
Собирањето на потписите ќе се врши до петок, во периодот од 11.30 до 19 часот.
Откако ќе се соберат потписите од сите градови низ Македонија каде иницијативата беше поддржана, Манифестот ќе биде доставен до Делегацијата на Европската унија во Скопје и лично до еврокомесарот Штефан Филе.