×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци должници на УЈП за радиодифузна такса

    17.03.2015 10:42 | KumanovoNews

    Неколку стотици кумановци се најдоа на листата на должници на Управата за јавни приходи, поради неплатени сметки за радиодифузна такса.

    Кумановци должници на УЈП за радиодифузна такса

    Меѓу должниците се граѓани од сите делови на градот како и жители на населбите Средорек, Перо Чичо, Карпош, Романовце, Черкеско село, Лопате, од липковските села Ваксинце, Слупчане, Липково, село Пелинце, Степанце во општина Старо Нагоричане и други.

    По јавната опомена должниците треба во рок од осум дена, да се јават во просториите на УЈП во период од 8.30 до 18 часот, во спротивно ќе следи објава во Службен весник и негативните последици ќе ги сноси должникот.

     Доколку сакате да проверите дали сте на списокот на должници тоа можете да го сторите на сајтот - www.ujp.gov.mk.

    Граѓаните се жалат дека на списокот ги има и само поради една неплатена сметка.