×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци ги бојкотираа маркетите, ги купуваа само неопходните производи

    31.01.2025 15:59 | Оливера Пешевска

    Граѓаните на Куманово денеска се приклучија на бојкотот на маркетите, купувајќи ги само неопходните производи. 

     

    Кумановци ги бојкотираа маркетите, ги купуваа само неопходните производи

    „Денеска купив само млеко, колку да го протерам денот, од утре ќе ги надополнувам залихи на брашно, зејтин, шеќер. Мојата банка пушти пензија, инаку целосно ќе го поддржев бојкотот и ќе поминев и без млеко“, е одговорот на Сунчица П. Од Куманово.
    И вработените во маркетите кажуваат дека им ги нема муштериите, и дека работата е намалена.

    Во еден маркет во центарот на градот до 11 часот прометот бил неколкукртано понизок од обично. Издадени биле десетина сметки со вкупна вредност која не надминувала 3.000 денари.

    Продавачите очекуваат дека состојбата ќе се поправи по попладневните часови.

    Граѓаните се со поделени мислења околу бојкотот, едни тврдат дека нема ниту денар да потрошат денеска, втори дека мора да купат нешто за јадење. Сложни се со тврдењето дека цените се превисоки, и дека во голем дел одговорноста е кај трговците. И тие потврдуваат дека денеска може да се пазари само неопходното и непредвиденото.

    За разлика од маркетите угостителските објекти се полни, бројни гости ги пополнуваат терасите на кафулињата и рестораните.

    Бојкотот на маркетите, бензиските пумпи, угостителските објекти започна минатиот петок во Хрватска. Тој ден прометот таму беше помал за 53 проценти, во однос на петокот претходно, што се сметаше за голем успех. Понесени од тој бран денес хрватите повторно се во бојкот, а освен во Македонија се повикува на таква акција и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.