×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци го слават 1-ви Мај

    01.05.2013 13:58 | KumanovoNews

     Градот е скоро празен, граѓаните, празникот го слават во природа или во во кругот на семејство.

    Кумановци го слават 1-ви Мај

    Кумановци денеска го слават Денот на Трудот. Градот е скоро празен, граѓаните, а пред се помладите празникот го слават во природа во друштво, додека повозрасните во кругот на семејство задолжително со празничена трпеза.

    Во дворот ќе подготвиме скара и заедно со пријателите и родните ќе го одбележиме празникот, додека синовите со ќе одат со друштво во Пленице покрај Пчиња. Први мај некако како да го изгуби значењето, најголем дел се невработени, а оние мал е дел на работниците што се задоволни во денешно време. Празникот асоцира на пикник со скара, но и за тоа се потреби пари – велат граѓаните.

    Добар дел од кумановците за првомајските и велигденските празници се надвор од Македонија. Поволните туристички аранжмани со ефтини авионски летови го зголеми интересот кај граѓаните за патување во странство.

    -Најголем дел од граѓаните ќе патуваат во соседството, што е логично поради географската близина. Но интересно е тоа што во последниве две три години имаме интерес, за посета на Париз, Милано , Будимпешта , Прага.Аранжманите се поволни и задоволни сме од бројката на продадените резервации за патување во европските држави -велат од туристичките агенции.

    За време на празниците во нашата држава и на граѓанаите на Куманово најомилена дестинација им е Охрид , а има интерес и за Берово и Маврово, додават од агенциите.