Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Наместо да им го покажат патот кон селото Лојане, три непознати лица ограбиле сириски државјани.
Седум сириски државјани во саботата биле ограбени од три непознати лица. Околу 17.30 часот Сиријците стигнале на Автобуската станица во Куманово, при што едно непознато лице им се понудило да им го покаже патот кон село Лојане или Србија. По пат им се придружиле уште двајца луѓе кои со закана со пиштол и со нож, им одзеле 1200 евра, четири мобилни телефони, четири прстени и три часовници. Сиријците се сместени во Прифатниот центар во Скопје, а полицијата трага по сторителите.