Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полицијата поднесе кривична пријава против П.В.(56) и Д.С.(56), двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на шенгенскиот договор.
П.В. откако претходно договорил превоз за шест баратели на азил, за 1500 евра до Германија, го ангажирал второпријавениот кој со своето возило за сума од 30 евра требало да ги префрли од Куманово до Србија. Оттука требало П.В. да им организира превоз до Германија.