×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци освоија златни медали на Интернaционално натпреварување за бодибилдинг во Битола

    04.10.2022 13:45 | Сузана Николиќ

    Марио Петровски (23) и Дарио Трајковски (18), двајцата од Куманово, освоија златни медали на Интернеционалното натпреварување за бодибилдинг „Паљо класик“, кој викендов се одржа во Битола.

    Кумановци освоија златни медали на Интернaционално натпреварување за бодибилдинг во Битола

    Во силна конкуренција од над 50 учесници од Македонија, Србија, Романија и Косово, во машка и женска конкуренција, тие се закитија со највисоки признанија во четири категории.

    „Јас овоив две златни медали и два пехари во категориите бодибилдинг до 23 години и до 90 килограми, а Дарио до 19 години освои прво и до 80 килограми трето место. За овој натпревар се подготвуваме само 7 недели, бидејќи немавме многу време, а во пракса за едно вакво натпреварување подготовките трааат од 6 до 7 месеци.  Ова е мое прво професионално натпреварување, иако со фитнес тренинг се занимавам подолг период. Сакав да си ја пробам среќата и задоволен сум од постигнатиот успех“, вели Марио.

    Стручната комисија составена од 10 професионални судии го оценувала целокупниот изглед на телото, потоа секој натпреварувач имал задача да се претстави до 1 минута, по што ги бодувале волуменот, дефинираноста и естетиката на мускулот. Вкупниот број на освоени бодови го одредува освоеното место.

    Младиот спортист вели дека за да се биде успешен бодибилдер тебе многу дисциплина и одрекување, здрава исхрана и редовни тренинзи.

    „Многу значајно е да имаш добар тренер, ние имавме среќа со нас да работи Томе Даневски од Радовиш, познат фитнес тренер, кој и самиот се натпреварувал. Благодарение на него ги достигнавме овие резултати. На ова натпреварување се пријавивме за да видеме до каде сме и колку можеме да постигнеме“, објаснува Марио, кој работи како лиценциран фитнес тренер и досега помогнал  стотина луѓе да направат трансформации на своето тело. 

    Тој работи како личен тренер во приватна теретана и онлајн. Вели дека за успех најважно е клиентот да биде упорен и истраен во здравиот начин на живот и вежбањето.

    Марио и Дарио веќе се подготвуваат за Државно натпреварување во Скопје, кое ќе се одржи викендов и очекуваат дека ќе постигнат нови високи резултати.