×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци повеќе китат вештачки елки

    20.12.2013 14:24 | KumanovoNews

    И оваа сезона граѓаните најмногу купуваат вештачки елки за украсување на домовите пред празниците, иако признаваат дека природните се поубави и траат подолго.

    Кумановци повеќе китат вештачки елки

    Природната елка може да се оддржува и да не биде само за една вечер или една недела. Ние 4 години користиме иста вештачка елка и сега планираме да купиме нова вештачка - изјави Мартина Потиќ, ученичка.

    Во продавниците се нудат елки во повеќе големини и различни украси за нивно декорирање. Продавачите велат дека за разлика од претходните години продажбата на елки годинава е намалена поради економската состојба на граѓаните.

    Бираат помали елки заради простор и пониска цена. Кризата секако дека влијае и споредбено со претходните години продадовме трипати помалку елки. Во полн ек елки се продаваат недела, две и потоа еуфоријата завршува. Цените се од 800 до 4000 денари - вели продавачка.

    Од “Fenia Flowers & Art Decorations“ објаснуваат дека кај нив цените на елките се движат од 990 до 3200 денари зависно од видот и големина.

     Прашуваат граѓаните за висечките елки кои се модерни, интересни. За оваа сезона имаме продадено 30 елки. Најбарани се елките со големина од 1.5 и 1.8 метри за украсување на домот - рекоа од “Fenia Flowers & Art Decorations“.

    Во цвеќарата на ЈП “Чистота и зеленило“ денеска се донесени природни елки и утрово се продадени три од нив.

    Тие чинат 800 денари, се продаваат во саксија и нивна предност е што по празниците можат да се засадат во двор.