Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поплаките се однесуваат за фиксната, мобилната телефонија, кабелската телевизија и интернетот.
60 писмени приговори поднеле граѓаните на Куманово до Агенцијата за електронски комуникации во текот на минатата година. Повеќето поплаки се однесуваат за фиксната, мобилната телефонија, кабелската телевизија и интернетот.
Вкупниот број на приговори добиени во 2013 година на ниво на држава е 1973 од кои 60 се од граѓани со адреси во Куманово. На сите приговори е спроведен инспекциски надзор од страна на АЕК - вели Владимир Ристевски, портпарол на АЕК.
21 приговор е поднесен за лоша услуга, 27 за висока сметка и 12 за наградни игри. Најголемо е незадоволството од пречки во мобилната мрежа, високи сметки за мобилен и интернет и наградните игри кои стигаат на мобилен телефон.