×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци сигурни во победа во Белград

    25.01.2012 14:20 | KumanovoNews

    Кумановци вечерва со душа ќе навиваат за македонската ракометна репрезентација да оствари уште една победа и да го надигра домаќинот Србија.

    Кумановци сигурни во победа во Белград

    Голем дел од граѓаните, навивачите, спортисти и спортските работници заминаа за Белград, додека повеќето граѓани натпреварите ќе ги следат од дома. Сите имаме единствена желба црвено-жолтите да се пласираат во полуфинале.

    Подршка на ракометарите во белградска Арена ќе им даде градоначалникот, дел од советниците и политичарите од градот.

    Оние кои останаа дома ги прашавме што очекуваат од вечерашниов натпревар Македонија-Србија.

    Виктор Божиновски (директор)

    Дефинитивно очекувам победа и пласман на македонската репрезентација во полуфиналето. Се работи за златна генерација на момчиња, кои ни приредија огромно задоволство и ја направија горда целата нација. Публиката и вечерва ќе биде играч повеќе и сите зедно ќе славиме уште еден голем успех. Јас поради работните обврски, за жал не заминав во белградска Арена, ама во домашна атмосфера со моите пријатели ќе го следиме натпреварот.

    Стојадин Јовановиќ (новинар)

    Мислам дека ќе победи репрезентацијата на Србија, иако според најавите на нивниот селектор, екипата ќе игра со втората постава. Меѓутоа ќе бидам задоволен доколку натпреварот заврши нерешено.  Без оглед на вечерашниот исход мора се признае дека Македонија има долга традиција во ракометот, а оваа генерација предводена од феноменалниот Кирил Лазаров успеа да се наметне како ракометна сила.

    Игор Божиновски (директор)

    Одиме на сигурна победа и тоа од две причини. Првата е неоптовареноста на српската репрезентација која обезбеди влез во полуфиналето, ама и без тоа  македонската репрезентација ќе извојува победа поради големото срце, пожртвуваност и борбеност за Македонија. Навистина жалам што пропуштивме да ги добиеме предходните три натпревари. Доколку имавме повеќе среќа ќе остваревме подобар резултат од кошаркарите. Јас бев на три натпревари во Ниш и се уверив дека имаме единствена публика на светот, за која верувам дека и вечерва ќе биде играч плус на нашата фаланга.

    Иванчо Доцевски (дипломиран економист)

    Очекувам победа бидејќи навистина сме јака екипа. Секоја чест на Србите, меѓутоа квалитетот и борбеноста се на наша страна. Се надевам дека и резултатите од останатите натпревари во нашата група ќе бидат поволни за да се квалификуваме во полуфиналните натпревари.

    Зарие Илиќ (пензионер)

    Без сомнение Македонија ќе победи со 3 гола разлика. Станува збор за неверојатна репрезентација која немаше среќа досега, а нејзиното место е во финалето. Досега никој не успеја да не надигра, па затоа верувам дека така ќе биде и вечерва.    

    Среќко Караџински (пензионер)

    Не сакам да прогнозирам резултат, но очекувам квалитетен натпревар и нека победи подобриот.