×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци со двојно државјанство се вакцинираат во Србија

    10.03.2021 10:12 | KumanovoNews

    Повеќе од 100 граѓани на Куманово, кои имаат двојно државјанство примиле вакцина против ковид-19 во градовите во соседна Србија, информира градоначалникот Максим Димитриевски.

    Кумановци со двојно државјанство се вакцинираат во Србија

    „Во Куманово според моите информации досега имаме некаде околу 100 вакцинирани лица, тоа претежно луѓе кои работат во здравствениот систем. Дефинитивно постапката за имунизација оди споро, претпоставувам и недостатокот на вакцини  е проблем, иако за тоа треба здравствените власти да го дадат вистинскиот одговор. Во овој момент, не само Македонија туку човештвото нема друго решение, освен да практикува тоа што се практикувало секогаш, а тоа е масовната имунизација. И ние го очекуваме моментот да се подготвиме да спроведеме една таква имунизација откога ќе ги добиеме вакцините, а што ќе се случува во делот на науката и мутациите тоа се веќе нови предизвици“, рече Димитриевски.

    (фото: www.vom.rs)