Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тројца кумановци се приведени во Полициската станица Куманово откако биле пријавени дека нападнале сограѓанин, по предизвикана сообраќајна незгода.
Инцидентот бил пријавен во саботата околу 15 часот, по што полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода тројцата кумановци на возраст од 22, 18 и 49 години. Откако се случила сообраќајната незгода тие физички нападнале 21-годишен жител на кумановско село.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.