×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово во шок и тага поради смртта на Теодора

    06.06.2013 15:44 | KumanovoNews

     Со тага и неверување, кумановци ја примија веста за смртта на петнаесет годишната Теодора Цветковска, која синоќа подлегна на повредите задобиени во сообраќајната несреќа пред три дена.

    Куманово во шок и тага поради смртта на Теодора

    Трагедијата во семејството Цветковски и изгубениот млад и  невин живот ги потресе граѓаните, кои на социјалните мрежи го искажуваат револтот кон  несовесниот возачи и побараа поголема  безбедност во сообраќајот за нашите деца.

    Теодора ја изгуби битката и повеќе не е со нас. Почина мојата внука Дори, невино и младо дете со многу неисполнети сништа. Тажно и страшно! Нека почива во мир. Упатувам порака до сите кумановски фраери кои не знаат да возат, нека ги остават скапите коли дома за да не гинат невини суштества- гласи една од многуте пораки на Фејсбук.

    Теодора беше повредена заедно со нејзината школска другарка А.С. во неделата додека се шетале на Градскиот Кеј во Куманово. Според кажување на членови од семејството, Теодора критичниот ден отишла на гости кај А.С. и попладнето излегле да се прошетаат. Направиле неколку круга по шеталиштето и кога планирале да се вратат дома околу 17 часот, на нив налетал автомобилот и ги прегазил додека стоеле на тротоарот и чекале да ја минат улицата на пешачки премин. Двете повредени девојчиња итно се префрлени во болница во Скопје, каде Теодора поради сериозноста на повредите била вклучена на апарати, а А.С. е вратена на лекување во Кумановската болница.

    Од основното училиште “Толи Зордумис„, кажуваат дека Теодора е прогласена за ученик на генерацијата и ја опишуваат како скромно, мило и умно дете, кое што имало многу планови во животот.

    Теодора ја прогласивме за ученик на генерација и деновиве требаше да и го врачиме признанието на завршната приредба. Тоа се деца кои само може да посакате да учат во вашето училиште- изјави пред два дена Бобан Георѓиевски, директорот на училиштето.

    Кумановци бараат од надлежните институции во градот да ја зголемат безбедноста во сообраќајот по кумановските улици, бидејќи ова не е прва сообраќајка со смртни последици. За една година згаснаа три животи, поради дивеење на возачи со „бесни„ коли и мотори, а за големиот број на сообраќајни несреќи сведочат и скршените жардиниери, електрични столбови, семафори и сообраќајни знаци на булеварот и раскрсницата, кои се секојдневна пречка на „силните„ машини.

    Во овој дел на градот речиси никогаш нема полициска контрола. Булеварот стана црна точка во градот, а никој не презема ништо.Тука е голема фрекфенција на луѓе и се плашам дека ќе продолжи трендот на несреќи ако не се реши проблемот. Лудото возење на автомобили и мотори е постојано, а ноќе особено- вели една кумановка.  

    Шерифедин Османи од Куманово тврди дека основен проблем е што возачите не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

    На булевар не се вози со 100 км на час, туку со 30 км на час. Виновни се тие што земаат дозволи и излегуваат на улица да возат. Јас за време на СФРЈ земав дозвола, 40 години возев од кои 10 години бев таксист, ама не ми се случило да удрам некој - вели Османи.

    Мартина Лалиќ смета дека треба да се постават табли на булеварите кои ќе укажуваат колку дозволената брзина.

    Никаде нема табли со ознаки за дозволена брзина. Банкини треба да се направат, или некои заштитни столбови да се постават на тротоар или кај што има пешачка патека, бидејќи девојчињата се удрени на тротоар - рече Лалиќ.

    Двете девојчиња беа прегазени кога во нив удри автомобил рено, кој чекал да помине на семфорот, а во него удрил бмв управувано од Б.М.(25), кој поради неприлагодена брзина не успејал да закочи на раскрсницата. Истражен судија од Кумановскиот суд на Б.М. му одреди притвор од 30 дена, а ќе одговара за крвично дело сообраќајка со смртни последици.

    Граѓаните покренаа иницијатива за поставување на лежечки полицајци на булеварот и за реконструкција на „црната„ раскрсница, која ја сметаат за главен виновник и предлагаат нејзино преуредување во кружен тек.