Кумановци заинтересирани за земјоделска механизација
11.08.2015 12:43
| KumanovoNews
Триесетина фармери електронски аплицирале за набавка на механизација преку програмата за рурален развој.
Бројот на апликанти покажува дека има добар одзив во кумановско за мерката 50-50. Повикот за аплицирање е отворен до крајот на август.
“Износот на повратните средства се движи од 50 до 75 отсто, и зависи од повеќе фактори меѓу кои и дали апликацијата ја поднесува млад земјоделец или жена, локацијата на земјоделските површини и слично“-вели Живка Наумова, раководител на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Куманово.
Досега за оваа мерка аплицирале земјоделци од Ново Село, Режановце, Младо Нагоричане. Тромеѓа, Доброшане и други населени места.

