Кумановец без причина пробол градежен работник
31.01.2014 12:12
| KumanovoNews
Т.Р.(28) од Куманово без причина нападнал градежен работник.

Инцидентот се случил минатиом месец на ул. „Гоце Делчев“ во Куманово во објект во изградба. Т.Р. без повод и причина започнал да се расправа со Д.З.(27) од с.Пчиња, по што со нож му нанел убодна рана во пределот на слабината.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Т.Р. од Куманово за сторено кривично дело „насилство“.