Кумановец чистејќи го својот пиштол се застрелал
27.03.2023 21:48
| Сузана Николиќ
Кумановец се застрелал во текот на вчерашниот ден додека го чистел својот пиштол.

„Во СВР Куманово вчера во 19.30 часот било пријавено дека С.Ц.(48) од Куманово во својот дом во с.Тромеѓа, кумановско, чистејќи го својот пиштол, испукал куршум со кој се повредил, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.