Кумановец фатен на дело додека обива автомобили
03.05.2023 11:46
| KumanovoNews
Полициски службеници вчера во 2 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишен кумановец, бидејќи го фатиле додека краде од автомобили.

Тој, со употреба на сила, од три патнички моторни возила на улица „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово одзел повеќе предмети, при што бил затекнат од полицајците.
Разбојникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.