×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец фатен на радар со брзина од 138 километри на час во населено место, викендов казнети 117 возачи

    07.08.2023 14:19 | Сузана Николиќ

     Полициски службеници од Куманово во текот на викендот спроведоа контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи. 

    Кумановец фатен на радар со брзина од 138 километри на час во населено место, викендов казнети 117 возачи

    „Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 117 возачи, од кои 77 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 23 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 9 за управување возило без возачка дозвола, 5 за нерегистрирано возило и 3 мотоциклисти за неносење заштитен шлем. Санкциониран е и едeн возaч поради пребрзо возење, односно во населено место во Куманово со радар му биле измерени 138 километри на час“, велат од СВР Куманово. 

    Оттаму велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и  апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, заради  поголемена безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.