Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановецот М.С.(26) деновиве е фатен додека превезувал сириски мигранти.
Полицајци од полициската станица Сопот при вршење на патролна служба, кај клучката Детоил го стопирале М.С. кој управувал автомобил опел вектра, со кумановски таблички. При претрес на возилото биле откриени тројца сириски мигранти. За 75 евра возачот требал да ги однесе мигрантите до село Лојане.
Истражен судија на М.С. му одреди мерка притвор во траење од осум дена.