Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Д.Ф.(33) од Куманово и И.С.(29) од липковското село Ваксинце се фатени додека превезувале мигранти од Сирија.
Полицијата ги сопрела возилата фолксваген поло и сеат кордоба со кумановски таблички во близина на клучката кај село Речица. Прво се движело полото управувано од Д.Ф., за да алармира доколку има опасност да бидат фатени. Потоа е запрена и сеат кордобата која ја возел И.С. каде се најдени шест сириски мигранти. На сторителите им е одредена мерка притвор во траење од по осум дена и ќе одговараат за криумчарење мигранти.