Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
М.Т.(27) од Лопате, ја претепал неговата поранешна девојка К.Т.(22) од Оризаре.
Инцидентот се случил во средината на овој месец, кога момчето додека се движел со автомобил на крстосница помеѓу улиците „Трета МУБ“ и „ЈНА“ во Куманово, со возило и го попречил движењето на неговата поранешна девојка К.Т.(22) од с.Оризаре, која исто така управувала возило. Потоа тој излегол од неговата кола и преку отворениот прозорец физички ја нападнал девојката, а при обид таа да му избега удрила со возилото во дрво. Пријавениот, повторно физички ја нападнал нанесувајќи и повреди во пределот на главата.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т. за сторено кривично дело „насилство“.