Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СВР Куманово поднесе кривичнa пријавa против кумановец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“.
Тој бил затекнат на плоштадот Маршал Тито додека на жител на Липково вршел размена на 50 евра.
„При извршен преглед кај пријавениот биле пронајдени 65.350 денари, 700 евра, 1.760 швајцарски франци, 30.000 српски динари, 162 американски долари, 2.732 бугарски левови, кои ги користел за наплата и исплата во ефективни странски пари и обратно, со намера за себе да се стекне со противправна имотна корист, без притоа да има регистрирано правно лице или соодветна лиценца од НБРСМ“, соопшти МВР.