×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец од обични патики создава вистински ремек-дела

    18.09.2021 18:10 | Сара Ѓорѓиоска

    Александар Спасиќ, студент на Архитектонскиот факултет во Скопје, светскиот тренд на персонализирани патики го донесе во Куманово. Овај исклучителнo талентиран уметник од обичните патики прави вистински ремек-дела. Тој слика од задоволство, а вели дека му претставува огромна чест кога некој сака го носи неговото дело како дел од неговиот имиџ.

    Кумановец од обични патики создава вистински ремек-дела

    Александар се сеќава дека првото искуство со сликање на патики, било кога негов близок пријател побарал два карактера од видео игра врз еден пар бели Vans патики. Композицијата била лесна, но формата на патиките нудела предизвици со кои тој за прв пат се сретнал, бидејќи барала поинаков пристап од традиционално сликање врз рамна површина. Подоцна ја усовршил работата и добивал се повеќе нарачки од млади луѓе, кои наместо обични сакале да нодат уникатни патики.

    „Клиентите бараат илустрации кои имаат одредено значење за нив, или едноставно нешто што им се допаѓа исклучиво естетски. Карактери од филмови, видео-игри, познати уметнички дела, корици од албум, музички артисти, карактери од стрипови, поп култура и слично. Тие имаат замисла како сакаат да изгледаат нивните патики, но не секогаш тоа е изводливо. Секогаш се трудам да дојдеме до компромис, да се задржи нивната идеја, но да таа биде прилагодена на условите кои ни ги задаваат самите патики. Некогаш финалниот производ е целосно по идејата на клиентот, некогаш клиентот само избира боја и/или тема, но има случаи и кога имам апсолутно целосна слобода врз тоа како ќе изгледа
    финалниот производ“, вели Спасиќ.

     

    Тој користи различни матерјали за изработка на патиките, во зависност на каква површина црта. Површините од платно се погодни директно да се слика врз нив, додека за оние од кожа им е потребна претходна обработка пред да се нанесе боја. Најчесто користи акрилни и маслени бои како и маркери, рапидографи, мастило за наливперо и слично.

    На прашањето на кој модел патики е најлесно да се црта нешто, Александар вели дека моделите со чиста, широка површина нудат слобода да се исцртаат поголеми, покомплексни елементи, како лица на луѓе или разни сцени.

    „Но понекогаш, постоечките дадености на патиките, самата форма, логото, шавовите, даваат насоки и помагаат многу лесно и брзо да се реши композицијата на уметничкото дело. Платнените патики најлесно ја прифаќаат бојата и ретко бараат додатна обработка после сликање за да останат во посакуваната состојба“, објаснува Александар.

    Тој вели дека за изработка на еден пар патики во зависност од мотивот потребни се од 1 до 7 дена. Едни од омилените, а воедно и најдобрите елементи кои ги насликал е мал дел од „Создавањето на Адам“ од Микеланџело во спој со „Ѕвездена ноќ“ на Ван Гог.