Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жител на селото Горно Којнаре синоќа бил нападнат и ограбен во Градскиот парк во Скопје. Разбојникот му одзел пари и лични предмети.
„Вчера во 21.00 часот во Полициската станица Карпош, С.С.(29) од с. Горно Којнаре, кумановско, пријавил дека околу 20.15 часот во Градски парк едно лице со закана му одзел пари и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштува МВР.