Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Милош Велевски од Куманово, кик боксер во КБК Куманово – 2006, освои бронзен медал на државно првенство во кик бокс за сениори и јуниори, што викендов се одржа во Штип.
Со оглед на големата конкуренција задоволен сум од постигнатиот резултат и очекувам успеси и во иднина. Се гордеам што боксерите успешно го претставуваат клубот и градот, и речиси на секое првенство освојуваат медали и добри резултати, што се должи на долги, напорни тренинзи и посветеност на спортот, - изјави тренерот Сашо Илиевски.
Велевски се натпреварувал во категорија – 63 кг во дисциплина лоу кик.