×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец починал во Авганистан

    07.03.2010 18:04 | KumanovoNews

     Будимир Спасовски (44) од Куманово, кој една година работел на обезбедување на американската војска во Кабул, пред два дена бил пронајден мртов во собата каде спиел.

    Кумановец починал во Авганистан

    Безживотното тело наутро го пронашле неговите колеги, кои страшната вест ја јавиле на семејството. Американската приватна компанија по електронски пат потврдила дека Спасовски починал во сон од мозочен удар, како последица на висок крвен притисок.

     Информацијата за смртта на кумановецот во градот ја пренесоа луѓе кои работат во базите на Ирак и Авганистан. Првично беше пласирано дека Спасовски загинал, откако бил погоден со снајпер во глава додека обезбедувал воен конвој.

    Обдукацијата на телото треба да покаже која е причината за смртта, а посмртните останки ќе бидат донесени до крајот на неделата.

    Министереството за надворешни работи немаше информација за смртта на кумановецот.

    Во американските бази на Блискиот Исток моментално има над 2000 кумановци, кои работат како логистика на војската. Спасовски е еден од седумте Македоци кои настрадаа на Блискиот Исток , во последниве 6 години, отакако масовно заминуваат на печалба.

    Пред да замине на работа во Авганистан, тој работел во службата за обезбедување на продавницата на Т-мобиле во Куманово. Членовите на семејство и соседите во шок не можат да веруваат за трагичната смрт на Спасовски.