Кумановец принудил момче на орален секс,па го уценувал со видео снимки

08.06.2010 16:56 | KumanovoNews

 Полицијата го приведе Х.У.(27) од Куманово, кој принудил момче од Тетово на орален секс и го снимал со мобилен телефон, а  потоа го уценувал за 2000 евра дека видео снимките ќе ги објави на „фејсбук„.


Кумановец принудил момче на орален секс,па го уценувал со видео снимки

 На втори масецов Х.У.му се јавил на мобилен на момчето и му рекол дека се знаат од порано и му предложил да се најдат  во Скопје. Кога се сретнале, момчето одбило да оди со Хазири, но овој се заканил дека  ќе го убие, ако не тргне со него и  го однел во кафе бар во Старата железничка станица.

“Кога влегле внатре во барот, присутен бил само келнерот кој од осомничениот бил информиран дека ќе седнат на вториот кат од локалот за да поразговарат. Кратко време по седнувањето пријавениот почнал да го удира со тупаници по главата оштетениот присилувајќи го на орален секс. За време на половото дејствие, чинот го снимал со мобилниот телефон од оштетениот, кој претходно со сила му го одзел за да ги избрише пораките кои му ги имал испратено“, се вели во соопштението на МВР.

Покрај тоа му одзел и 2.000 денари и со закана дека ќе го убие со пиштолот кој го носи на појасот го принудил  да позајми 3.000 денари од негов другар.Насилникот продолжил со малтретирањето на тетовецот, го однел во преноќиште во Влае каде се обидел да го силува.

 Потоа му се заканил дека доколку до сабота не му исплати поголема сума на пари или накит, снимениот видео материјал ќе го стави на „фејсбук“ и  ќе го прати на неговата фамилија. Го пуштил да си оди дома и му наредил да земе нова телефонска картичка и да му се јави кога ќе собере пари.

Момчето  откако се ослободил од насилникот го пријавил случајот во полиција. Неколку дена подоцна му се јавил дека има 500 евра да му даде за да не ја објавува снимката.

Се договориле да се најдат во ТЦ „Мавровка„, каде момчето му дало на 500 евра, а овој на нему мемориска картичка со компромитирачките снимки.

Веднаш откако ги зел парите, полицијата го уапсила Х.У., против кого е поднесена кривична пријава за уцена.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk