Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
С.Р.(27) од Куманово бил приведен вчера од полицијата поради сомнение за кражба на златен накит во месец август.
Накитот бил одземен од приватен имот на ул.„Тане Георгиевски“ во Куманово.
С.Р. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото.Одземеното било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.