Кумановец се самоубил скокајќи од прозорец на болница
03.12.2014 13:25
| KumanovoNews
52 годишен пациент од Куманово, утринава во 9 часот се фрлил од прозорецот на болничката соба на Клиниката за пулмологија во Скопје, пренесува НОВА ТВ.

Според очевидци, пациентот скокнал од прозорецот на првиот кат и починал на лице место. Од МВР го потврдиле случајот.
Неофицијално, човекот имал тешко пореметување на работата на срцето.