Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеници од СВР Куманово утринава во 5.45 часот лишиле од слобода 40-годишен кумановец.
Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во куќа во населбата Карпош во Куманово, и со закана со огнено оружје кон 41-годишна сопственичката одзел пари поради наводен долг на нејзиниот сопруг кон него.
„Кај него биле пронајдени ловечка пушка, пиштол, нож и одземените пари. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти Кумановската полиција.