Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец е фатен во обид илегално да пренесе семејство од струмичкото село Банско, во соседна Србија.
Шверцот се случил минатиот месец, на македонско-српската граница кај м.в. Киселица, кога С.С.(39) од Куманово бил затекнат во моментот кога заедно со четиричлено семејство (А.А.(30) и Џ.А.(27) и две малолетни деца) од Струмица се обиделе илегално да ја преминат границата. На лице место тројцата биле казнети, по што А.А. признал дека кумановецот им ветил дека за 300 евра да ги префрли во Србија а потоа од таму со друг превоз ќе бидат префрлени до крајната дестинација, Република Германија.
С.С. ќе одговара за злоупотреба на безвизниот режим со земјите членки на ЕУ и Шенгенскиот договор.