×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановецот Филип Насковски победник на државниот MOS натпревар, ќе ја претставува земјата на светското првенство во Америка

    16.10.2020 13:04 | KumanovoNews

     Филип Насковски од Техничкото училиште „Наце Буѓони” од Куманово е македонски претставник на интернационалниот MOS натпревар, кој наредната година ќе се одржи во Орландо, Флорида.

    Кумановецот Филип Насковски победник на државниот MOS натпревар, ќе ја претставува земјата на светското првенство во Америка

    Насковски во конкуренција на 15 финалисти освоил прво место во рамки на проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите на возраст од 13-22 година во Македонија, - пренесува Смартпортал.

    На светскиот натпревар  ќе учествуваат повеќе од 120 земји во светот.

    Според организаторите дигиталните вештини добиваат сé поголемо значење во новонастанатите услови.

    Поддржувач на натпреварувањето е и  Општина Куманово, која обезбедила бесплатни испити со што ја промовирала дигиталната писменост кај младите генерации.

    MOS (Microsoft Office Specialist) натпреварот е наменет за млади лица на возраст од 13 до 22 години, односно за сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите. Учесниците на овој натпревар имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office алатките: Word, Excel и PowerPoint.

    Натпреварот се одржува петта година по ред.