Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановка била измамена за пари и златен накит во вредност од 500 евра, од жена која им помагала на луѓето на Фејсбук.
Како што информира МВР, вчера во полицијата дошла 24-годишна жена од Куманово, која пријавила дека била измамена од С.Н. од Штип за сума од околу 30.000 денари.
Според пријавеното, таа во октомври на социјалната мрежа Фејсбук прочитала објава „жена што помага на луѓе“ и стапила во контакт со неа. Исто така, жената во повеќе наврати по брза пошта ѝ праќала пари и златен накит на штипјанката, но по некое време С.Н. не била достапна, по што кумановската заклучила дека е измамена.
Се работи на расчистување на случајот.