Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дваесет и шестогодишна девојка е тешко повредена во сообраќајна незгода на локалниот пат Куманово - Табановце.
Сообраќајката се случила вчера во 08.30 часот, кога на локален пат за с.Табановце, кумановско, Е.Ј.(26) од с.Табановце, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот.
Во незгодата Е.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово.