Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Средношколката Анастасија Недељковска од Куманово учествува на Меѓународен салон на историски стрип, кој од денеска до 13 август ќе одржи во Брашов, Романија, откако во голема конкуренција нејзиниот стрип е избран да биде изложен и да влезе во официјалниот каталог на манифестацијата.
„Историскиот стрип е доста развиен и како тема популарен во Романија во континуитет. За оваа година беше објавен меѓународен конкурс за контрафактуален стрип, што може да се преведе како испревртена историја или слободно речено, “што би било кога би било “, вели Томе Трајков, програм координатор на Стрип - центар на Македонија со седиште во Велес .
Анастасија има 18 години, родена е во Куманово, а учи во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ Скопје. Активно учествува на стрип натпревари и изложби од 2019 година.
Изложбата од меѓународниот стрип конкурс не е единствена активност од овој стрип фестивал. Агендата е исполнета со бројни едукативни работилници, промоции , придружни активности и тн.
Фестивалот е во организација на Историскиот музеј на Брашов, а со свои стрипови учествувале и други македонски автори.