×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановки помагаат и вдомуваат напуштени животни: Kучињата како и луѓето не сакаат да се бездомници

    20.06.2020 09:31 | KumanovoNews

     Марина Петковска и Елвира Илиевска се активистки-волонтерки, кои секојдневно и неуморно се борат за подобар третман на бездомните животни во Куманово. Истрајни во својата намера дека секое животно заслужува поубав живот и дом, тие пред две години самоиницијативно ја формираат фејсбук групата „Ние за животните“, која стана место за правата на животните, за собирање донации за нивно лекување, како и место за нивно вдомување.

    Кумановки помагаат и вдомуваат напуштени животни: Kучињата како и луѓето не сакаат да се бездомници

    Во текот на овие две години, преку фејсбук групата, Елмира и Марина успеале да најдат топол дом на многу животни во државата, но голем дел од нив станале и странски државјани. Пина од улично куче, веќе две години се наоѓа во топол дом во Германија, Биби - куче инвалид е вдоемена во Белгија, а некои заминале дури во Австрија.

    Иако сè уште не се регистрирани како официјално здружение, нашите сограѓанки самостојно својата хуманост ја покажуваат низ кумановските улици. Само во текот на оваа година, преку групата се вдомени околу петнаесетина кучиња бездомници, од разчилни раси.

    „Последните шест мали кученца коишто ги најдов исфрлени кај Кошеви, за среќа успеав да ги вдомам, сега често добивам слики од нив. Исто така една жална, но и успешна приказна за вдомувањето е тоа што му најдовме дом на куче на коешто на живо му беа исечени ушите, скршени забите и кичмата и беше пукано со дијабола. Тоа остана инвалид само поради човечката безмилосност и несовесност. Но, за среќа, го сместивме во Скопје во пансион каде што има човек којшто се грижи за секое куче, од шетање, до сместување во количка, менување на пелени итн.“, ни рскажува Марина, која и самата во својот дом има згрижено две кучиња со посебни потреби.

    Марина вели дека во овој период, голем дел од кученцата се осудени на бездомен живот, затоа што е сезона на парење, а сопствениците наместо да ја стерилизираат женката, тие во кутија ги исфрлаат малите кученца. Доколку се исфрлат додек сè уште цицаат или на места каде што има гарво, тие за жал, завршуваат погубно.

    „Много е зголeмена бројката на бездомни животни и со коронавирусот, бидејќи луѓето се плашат дека тие можат да им го пренесат вирусот, што воопшто не е точно, но бројката е зголемена и затоа што е период на парење. Многу исфрлени легла, многу исфрлени женски кучиња, кои не се стерлизирани. Ние апелираме за стерилизација, за кастрација, со тоа кучето е помирно, а женките и ќе бидат поздрави, бидејќи кај нив често се појавува рак на матка. Најголем дел од кучињата завршуваат погубно, затоа што не се наоѓаат средства за нивно лекување. На ваков крај особено се изложени бебиња коишто се оставаат на места каде што има парво, тоа е стомачен вирус што ги напаѓа цревата и комплетно одвнатре се распаѓа целиот организам. Исто така, ваква судбина имаат и кучињата коишто имаат срцев срж, а се исфрлени на улица, затоа што на сопствениците им претставува финансиска потешкотија. За еден срцев срж да се излечи потребни се околу 300-400 евра за комплетна целосна терапија“, додава таа.

    Таа посочува дека овој проблем не може да се реши без поддршка од Општината, без поригорозни казни и проработување на свеста на граѓаните, бидејќи кучињата во овој случај се жртви. Единственото посериозно решавање на проблемот е изградба на прифатилиште, коja требало да се случи на крај на минатата година. Се претпоставува дека на територијата на општината има помеѓу 300 и 400 кучиња на улица.

    „Имаме информација дека бројот на бездомни животни во Куманово се зголемува, затоа што луѓето од други општини со комбе ги донесуваат и ги оставаат во Зелен рид или пак кај Ловачки или Табановце. Но, ова е бројката на ниво на градско подрачје, секако со трактори се носат кучиња и по руралните средини и се оставаат на немилост, но тој проблем ние не можеме да го решиме индивидуално, потребна ни е помош за да се вдомат кучињата. Ние бевме во Општина Куманово, прво со нив разговараше здружението „Љубов и дом“, а потоа и ние како самостојни активисти. Требаше да се прави прифатилиште во „Расадник“, но уште не е започната неговата изградба. Градоначалникот ни вети дека ќе се направи прифатилиште од отворен тип, каде што ќе нема боксови, а ќе биде со капацитет за некаде од околу 100 кучиња. Не е потребна некоја голема инвестиција, треба дворот да се огради со мрежа, куќарките ќе бидат од отворен тип според замислата на градоначалникот, а местото да биде поделено најмалку на три дела, еден дел за болните, еден за бебињата и трет за кастрирани, средени здрави кучиња “, посочува таа.

    Малтретирањето на бездомни кучиња во Куманово е чест случај, чии пријави речиси секогаш завршуваат како опомени или во архивите.

    „Последен случај на борење на кучиња имаше во населбата Средорек, каде хаска беше борена со шарпланинец. Ние имаме објавено видео и на нашата страна, а тоа го пријавивме и во полиција, а исто така приложивме и податоци со име и презиме. Сепак, кога полицијата излезе на лице место, кучињата ги немаше, па оваа постапка заврши само како предупредување“, додава Петковска.

    Таа вели дека кај нас кучињата сè уште се третираат како чувари на домот, ретко се носат на ветеринар, многу ретко се стерилизират, иако реално треба да бидат дел од семејството.

    „Кога некој ќе сака да вдоми животно најчести прашања се: дали е мало, убаво и слатко? Што да им кажам? Кученцата не се прават по нарачка, ниту тие не сакаат да се бездомници како и луѓето што не сакаат, а и тие не бираат какви да се родат, како и ние што не бираме. Ако некој сака да вдоми животно треба да знае дека тоа ќе биде дел од неговото семејство, а не да биде врзано на ланец 7 години,  како што имав пример да гледам одблизу. Кучето е семејство!“, додава Петковска.

    Во моментот овие неуморни активисти преку фејсбук страната „Ние за животните“ се грижат за две бебиња, со тоа што голем дел од нив се вратени на претходните локации стерилизирани и вакцинирани, а три што треба да патуваат, се оставени во пансиони, додека да им се средат документите.

    (Фросина Марковска)