Кумановки сакале да купат хероин од тетовец
Две кумановки сакале да купат хероин од тетовец, но ги спречила полицијата.

Инцидентот се случил во август годинава, кога полицијата ги затекнала Б.Т.(41) и И.М.(33), двете од Куманово во момент кога се сретнале со И.Х.(36) од Тетово. Полицајците сакале да ги легитимираат, при што И.Х. се спротивставил. Откако го совладале, полицајците направиле претрес и кај него нашле 0.43 грама хероин, дрога која двете кумановки требале да ја купат.
Тројцата ќе одговараат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а И.Х. ќе одговара и за овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни сустанции и спречување службено лице во вршење службено дејствие.